Манчестер јунајтед и Евертон ќе го отворат колото во англиската Премиер лига. Двата тима досега имаат освоено по 13 поени, еден помалку од лидерот Ливерпул.
Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не е задоволен од одлуката токму неговиот тим да игра во пладневниот термин од 13.30 часот. „Црвените ѓаволи“, пред помалку од 72 часа го завршија својот натпревар во Лигата на шампионите против Виљареал.
„Не добивме никакво објаснување, но јасно е дека ова е поради телевизиите. Нема логика. Исто ни се случуваше и минатата сезона. Патувавме во Турција, а потоа викендот игравме во Премиер лигата…“, рекол незадоволниот Солскјер и продолжил.
„Ние и Челси игравме во Лигата на шампионите во средата. Лигата требаше да ни дозволи да играме во недела, а во сабота да играат Ливерпул и Манчестер сити. Сепак како што кажав, во овој распоред нема здрав разум“.