Top Sport

Зошто Уругвај на дресот има четири, а не две ѕвезди?

Уругвај на Светското првенство во Русија успеа да стигне до четврт-финалето, каде утре од 16 часот ќе игра против Франција. Покрај одличните настапи во Русија, она што го привлече вниманието на фудбалските фанови се четирите ѕвезди на нивните дресови.

Праволото околу шиењето на ѕвезда на дресот е јасно, секоја светска титула вреди една ѕвезда. Она што ги збуни фудбалските фанови е фактот што Уругвај два пати бил светски првак (1930 и 1950), а на дресот има четири ѕвезди.

Од Фудбалскиот сојуз на Уругвај одговорија на ова прашање.

Пред првото Светско првенство во 1930 година, најсилното фудбалско натпреварување бил турнирот што се организирал на Олимписките игри, во чија организација учествувала и ФИФА.

Уругвај освоил златни олимписки медали во 1924 и 1928 година, поради што од ФИФА им дозволиле на Уругвајците над грбот на дресовите да имаат четири ѕвезди.

Четири ѕвезди на своите дресови имаат Италија и Германија, најмногу пет Бразил, две ѕвезди има Аргентина, а по една Англија, Франција и Шпанија.

Scroll to Top