Top Sport

Зверев маестрално до круната на АТП финалето во Торино

Германскиот тениски ас, Александер Зверев по вторпат во кариерата го освои трофејот од АТП финалето, триумфирајќи со фантастични 6:4/6:4 над светскиот рекет број 2, Данил Медведев за на совршен начин да ја заврши најдобрата сезона во кариерата.

Зверев го собори Новак Ѓоковиќ во полуфиналето и ја потврди импресивната форма со мечот против 25-годишниот Медведев, за победа по само 75 минути игра. Тој е само четвртиот тенисер во историјата кој ги победил светскиот број 1 и 2 во полуфиналето и финалето.

24-годишниот Зверев, ќе ја заврши 2021 со 59 победи, најмногу на АТП турнејата, а исто така го прекина и лошиот скор од пет порази во низа од Медведев, вклучувајќи ги поразите на АТП купот и на мастерсот во Париз.

Германецот ја завршува 2021 со две АТП Мастерс 1000 титули, во Мадрид и Синсинати и со славниот златен медал на Олимпијадата во Токио, а ги освои и титулите во Акапулко и Виена. За Медведев, останува утехата на одличната 2021 со првата гренд слем титула на САД опен и четвртиот Мастерс 1000 трофеј во Торонто, и ја завршува годината со 58-13 скор.

Scroll to Top