Црвена звезда по разочарувачката елиминација во борбата за место во Лигата на шампионите, се созеде за импресивна 4:0 победа над романскиот ЦФР Клуж.
Милан Павков уште во 5. минута го донесе тимот на Дејан Станковиќ во водство, пред во 38. минута да му асистира на Александар Катаи за 2:0. Бен во 68. минута зголеми на 3:0 за во 77. минута да му асистира на Мирко Иваниќ за 4:0.