Српските медиуми објавиваат дека младиот крилен напаѓач на Црвена звезда, Немања Радоњиќ по завршувањето на обидот да се квалификуваат за Лигата на шампиони против Салцбург, ќе потпише договор за Олимпик Марсеј, вреден 10 милиони евра.
Според повеќето српски медиуми, 22-годишниот Радоњиќ ќе стане четвртиот највреден трансфер на српскиот шампион, по Дејан Станковиќ, Горан Друлиќ и нашиот Дарко Панчев.
Сепак, најинтересното е тоа што доколку Радоњиќ биде продаден, пари ќе добие и вечниот ривал на Звезда, Партизан, и тоа 5 отсто од трансферот (околу 170.000 евра ако сумата биде 10 милиони евра). Ова е поради правилото на ФИФА клубовите со кој еден фудбалер ја почнал кариерата да добијат пари за неговиот „развој“, а Радоњиќ беше играч на Партизан од 2010 до 2014 година.