Предлогот за целосна промена на Дејвис купот во завршен турнир со 18 тимови е одобрен од националните федерации на годишното собрание на Интернационалната тениска федерација (ИТФ) во САД.
„Ремонтот“ на најславното и најстарото тимско тениско натпреварување не беше едногласно прифатено, но ИТФ сепак успеа да обезбеди двотретинско мнозинство од 210-те членки.
Дејвис купот, кој се одржува од 1900 година, во последните години беше погодено од повлекување на најдобрите тенисери поради напорниот календар, бидејќи натпреварувањето се одржуваше неколку пати во годината.
Сега, мечевите ќе бидат во два добиени сета, а еднонеделното натпреварување на крајот на сезоната ќе се одржи во Мадрид, Шпанија или Лил, Франција од 18 до 24 ноември 2019 година.