По коментарите на капитенот на српската репрезентација, Александар Коларов дека не ги сфаќа фудбалерите кои се Срби а решаваат да играат за Црна Гора, од тимот на Црвена звезда излегоа со остри обвинувања кон Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) околу ситуацијата со нивниот капитен Филип Стојковиќ.
Според белградскиот клуб, изјавата на Коларов е „прикриен“ напад на нивниот клуб од страна на федерацијата.
„Црвена звезда секогаш била со српската репрезентација без разлика кој е претседател на ФСС, од Томислав Караџиќ до Славиша Кокеза. Но, од друга страна ФСС оди само контра Звезда. Тоа го покажува и со нападот преку капитенот. Толку им пречи успехот на Звезда и пласманот во ЛШ што почнаа да одат лично против нашите фудбалери. Најдобар српски десен бек без дилема е Филип Стојковиќ, но тој сојуз не го сакашево тимот кога знаеја дека го повикува братската српска република, Црна Гора. Нема да дозволиме да не омаловажуваат и ќе ги заштитиме нашите фудбалери“, се вели во соопштението од Звезда.
Коларов: Како можеш да играш за Црна Гора ако не си Црногорец?