Неверојатен погодок видоа гледачите на стадионот на Црвена Звезда во Белград, на меч од првата српска лига меѓу домаќинот и екипата на Чукарички.
Во 25 минута, при водство на „црвено-белите“ од 1-0, на својата половина по една пресечена топка, играчот на гостите, Лука Стојановиќ успеа со силен и прецизен удар да го матира голманот на Звезда, Милан Борјан од својата половина на игралиштето.
Стојановиќ забележа дека Борјан не е на гол-линијата, па успеа да го совлада што доведе до голема радост кај гостинската екипа.
Погледнете го погодокот: