Top Sport

„Кралот“ го гледаше „принцот“, синот на Леброн го реши мечот (видео)

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс го гледаше средношколскиот меч меѓу екипите на Сиера Кењон и Винсент Сент-Мери, а причина за тоа е што неговиот наследник, Брони игра за Сиера.

Токму помладиот Џејмс го реши мечот со клучните поени за победа, по пресврт во самата завршница. Леброн од првиот ред го гледаше „раѓањето на новата кошаркарска ѕвезда“.

Во последната минута од мечот, Брони украде топка и ја заврши акцијата со положување. Тој мечот го заврши со 15 поени, па ја понесе МВП титулата.

На мечот имаше 15.000 публика.

Scroll to Top