Top Sport

Звонимир Бобан по три децении се врати во Динамо

Еден од најдобрите хртватски фудбалери во историјата, Звонимир Бобан се врати во Динамо Загреб, потврдија од клубот на социјалните мрежи.

„Сините“ објавија фотографија од поранешниот капитен со порака од претседателот Велимир Зајец.

„Љубовта кон единствениот клуб не познава граници, Љубовта кон единствениот клуб не познава пречки. Љубовта кон клубот ги обединува сите оние кои го сакаат овој клуб. Денеска ја поканив нашата сина легенда активно да се врати во хрватскиот фудбал, во нашиот Динамо. Откако го демократизиравме нашиот клуб, Звоне Бобан ја прифати поканата да се врати во својот Динамо“ и додаде:

„Звоне, добредојде дома“.

Засега не се знае точно каква функција ќе извршува Бобан, а за тоа ќе се разговара во наредните денови.

Бобан играше за Динамо помеѓу 1985 и 1991 година. Потоа следеше децениски мандат во Милан со кратки паузи и позајмици во Бари и Селта.

За Хрватска одигра 49 натпревари, а претходно седум за Југославија. Ја предводеше Хрватска до бронзениот медал на Светското првенство во 1998 година во Франција.

Scroll to Top