Top Sport

Фудбал Италија: Икарди не сакал да го продолжи договорот

Капитенот на Интер Мауро Икарди нема да потпише нов договор со клубот, тврди аргентинскиот „TyC Sports“. Медиумот се повикува на изјават на сопругата на Икарди, Ванда Нара.

Икарди има важечки договор со Интер до јуни 2021 година. Во актуелниот договор откупната клаузула изнесува 110 милиони евра.

Сопргата на фудбалерот е воедно и негов менаџер. Таа веќе подолго време преговара околу потпишување на нов договор, но Интер не се согласува на Икарди да му даде плата од девет милиони евра.

Истиот извор пишува дека Челси, Јувентус и Реал Мадрид се тимовите што во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат Икарди.

Scroll to Top