Top Sport

Цибона ќе добие нов сопственик

Славниот кошаркарски клуб од Хрватска, Цибона, наскоро би можел да добие нов сопственик. Првиот човек на Морнар од Бар Ѓуро Павиќевиќ, односно групацијата што ја предводи, преговара за преземањето на Цибона, но и на српскиот тим Борац од Чачак.

Ѓуро Павиќевиќ заедно со својот брат Михајло неколку гоини успешно го води Морнар. Клубот од Бар во сезоната 2017/2018 ја освои титулата во Црна Гора и играше во полу-финалето на регионалната АБА лига.

Морнар и оваа сезона се бори за пласман во плејофот во АБА лигата. Екипата на браќата Павиќевиќ се наоѓа на делба на четвртото место со 13 победи и осум порази.

Од друга страна Цибона од 2014 година не претставува значаен фактор во АБА лигата.

Scroll to Top