Top Sport

182 – Расел Вестбрук

Кошаркарот на Вашшингтон Визардс, Расел Вестбрук, влезе во историјата на НБА лигата. Изминатата ноќ тој го забележа 182. трипл-дабл во кариерата, тој на вечната листа го мина Оскар Робертсон.

Вашингтон, без повредениот Бредли Бил, забележаа пораз од Атланта Хокс 124:125. Вестбрук на две секунди до крајот не погоди тројка за победа. Рас, во историјата влезе со трипл-дабл од 28 поени, 13 скока и 21 асистенција.

„Горд сум на овој рекорд. Секогаш се подготвувам да бидам меѓу најконстантните играчи во лигата“, рекол Вестбрук.

Покрај Вестбрук, кај Вашингтон се истакнаа Јапонецот Руи Хачимура со 20 поени, Робин Лопез со 18 и поранешниот играч на Партизан, Давис Бертранс со 15 поени.

Атланта ја предводеа Тре Јанг со 38 поени, шест скока и девет асистенции, односно Богдан Богдановиќ со 25 поени, пет скока, четири асистенции и две украдени топки.

Scroll to Top