Top Sport

20 селекции изборија место на Евробаскетот

Останува само уште едно коло од квалификациите за Европското првенство во кошарка. За жал 42. издание на Евробаскетот на ФИБА, кое ќе се одржи во четири држави ќе мине без Македонија.

Македонските репрезентативци, синоќа во Талин, загубија од естонија 84:65 со што остнаа без шанси за пласман на шампионатот.

Во пресрет на последната рунда за пласман на ЕП остнаа уште четири места.

Пласман на турнирот кој ќе се одржи од 27. август до 14. септември веќе обезбедија организаторите: Кипар (Лимасол), Финска (Тампере), Полска (Катовице) и Летонија (Рига).

Покрај веќе споменатите домаќини низ квалификациите пласман изборија: Србија, Литванија, Словенија, Израел, Турција, Италија, Шпанија, Белгија, Грција, Грузија, Естонија, Велика Британија, Чешка, Франција, Босна и Херцеговина и Португалија.

Исланд и Унгарија ќе се борат за пласман во Евробаскетот од групата Б, а во групата Д се очекува вистинска драма бидејќи за две места се борат Германија, Црна Гора, Шведска и Бугарија.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 27. март во Рига. Во истиот град ќе се одржи и финалето на Евробаскетот. Да потсетиме, актуелен европски првак е Шпанија, која пред три години во финалето ја совлада Франција.

Scroll to Top