Голден стејт ја продолжија победничката низа, Филаделфија го доби дербито со Мемфис, а Торонто стави крај на серијата во која беа играчите на Атланта. Индивидуално блеснаа Стеф Кари, Тајрис Мекси и Џа Морент.
Голден стејт Вориорс ја забележаа шестата победа по ред. Пред Вориорс падна Хјустон 122:108. Стеф Кари блесна со 40 поени, пет скока и девет асистенции. Бекот на Вориорс постигна седум тројки, имаше процент на реализиција од 57 отсто.
Вориорс до скор 38-13 се втори во НБА лигата.
Филаделфија и Мемфис играа продолженија, Севентисиксерси славеа со 122:119. Трагичар во регуларниот дел беше Џа Морент, на седум секунди до крајот израмни на 111:111, но не успеа да го реализира дополнителното слободно фрлање.
Филаделфија ја предводеше Австралецот Тајрис Мекси со 33 поени, Андре Драмонд доминираше под обрачите со 16 поени и 23 скока, кај Мемфис трагичарот Морент постигна 37 поени, три повеќе од Дезмонд Бејн.
Резултати: Кливленд-Њу Орлеанс 93:90, Индијана-ЛА Клиперс 122:116, Атланта-Торонто 100:106, Бостон-Мајами 122:92, Њујорк-Сакраменто 116:96, Оклахома-Портланд 98:81.