Кошаркарите на Хапоел Тел Авив се шампиони во Еврокупот за сезоната 2024-2525, откако го дбија и вториот натпревар од финалната серија против Гран Канарија. Избраниците на Димитрис Итудис славеа како гости со резултат 103:94.
Хапоел, екипа која од клупата ја предводи Димитрис Итудис го освои првиот трофеј во континенталните натпреварувања. Низ историјата Хапоел пет пати беше шампион на Израел, а уште четири пати го освои националниот куп.
Антонио Блејкни го предводеше Хапоел со 27 поени, 6 скока, 4 асистенции, центарот Џонатан Мотли придонесе за големата победа со 26 поени, 3 скока, 2 асистенции, додека Јам Мадар, запиша 16 поени и 6 асистенции.
Во поразениот тим, центарот Џорџ Кондит имаше 18 поени и 4 скока. Џо Томасон имаше 14 поени, 2 скока, 4 асистенции и украдена топка, а Нико Брусино мечот го заврши со 11 поени, 7 скока и по 3 скока и асистенции.
Хапоел со троимфот во Еврокупот обезбеди место во Евролигата наредната сезона.