Кошаркарите на Портланд Трејлблезерс, во неверојатен меч, забележаа победа над Оклахома Сити Тандер и со резултат 4-1 изборија пласман во полу-финалето, во Западната конференција во НБА лигата.
Спектакуларниот натпревар го реши Демијен Лилард кој постигна тројка на 0,4 секунди до истекот на регуларното време. Овој играч мечот го заврши со 50 поени и се запиша во историјата на франшизата.
Оклахома Тандер на нешто помалку од 8 минути до крајот на мечот имаа огромно 15 поени предност (90:105), кога Морис Харклес и Си Џеј Мекалум ги започнаа своите серии на поени за Портланд, а гостите во последната минута ги уништи Лилард.
Лилард мечот го заврши со 50 поени, најмногу што еден играч на Портланд постигнал во плеј-оф натпревар, Харклес и Мекалум постигнаа по 17 поени, а Енес Кантер забележа 13 поени и 13 скока.
На спротивната страна Расел Вестбрук го забележа десеттиот трипл-дабл во плеј-офот (29 поени, 11 скока, 14 асистенции). Најефикасен беше Пол Џорџ кој постигна 36 поени, 20 од нив тој реализираше во првиот дел.
Во наредната рунда Портланд ќе играат против победникот од серијата помеѓу Денвер Нагетс и Сан Антонио Спарс.