Top Sport

Денвер водат против САС, Филаделфија ги решија Нетс (Видео)

Кошаркарите на Филалделфија изборија дуел во полу-финалето во Источната конференција, во НБА лигата, против Торонто Репторс. Изминатата ноќ триумф запишаа и Денвер Нагетс, за предност од 3-2 во серијата со Сан Антонио Спарс.

Филалдлефија беа поразени во првиот меч од серијата со Бруклин Нетс, а потоа ги добија наредните четири и се пласираа во полу-финалето. Петтиот меч од серијата Филалделфија го доби убедливо со 122.100.

Екипата до победата ја предводеше Џоел Ембид со 23 поени и 13 скока, односно Бен Симонс кој забележа 13 поени, 5 скока и 8 асистенции. Одличен меч одигра и српскиот џин Бобан Марјановиќ (7 поени, 7 скока, 4 асистенции).

Сонародникот на Марјановиќ, Никола Јокиќ, беше еден од најзаслужните за победата на Денвер Нагетс над Сан Антонио Спарс 108:90.

Јокиќ реализира 16 поени, 11 скока и 8 асистенции, поен повеќе постигна Вил Бартон, а најефикасен кај Нагетс беше Џамал Мареј со 23 поени.

Во редовите на Сан Антонио со по 17 поени се истакнаа Ламаркус Олдриџ и Демар Дерозан.

Scroll to Top