Top Sport

Дончиќ го заврши регуларниот дел од сезоната

Голем проблем за Лос Анџелес Лејкерс на крајот од регуларниот дел од НБА сезоната – Лука Дончиќ нема да биде достапен за својот тим до почетокот на плејофот поради повреда на грбот.

Клубот од Калифорнија потврди дека станува збор за истегнување од втор степен на левата нога, кое бара подолго закрепнување. Повредата се случила за време на убедливиот пораз од Оклахома.

Лејкерс моментално имаат скор од 50-27.

Зад Дончиќ е исклучителна сезона во дресот на Лејкерси, негова прва комплетна по пристигнувањето од Далас. Тој бележи импресивен учинок од 33,5 поени, со 8,3 асистенции и 7,7 скока по натпревар.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');