Измината ноќ во НБА лигата мина во знакот на доминантната победа на Далас Маверикс над Јута Џез 118:68, а индивидуално печат ставија Леброн Џејмс, кој стана петтиот најдобар стрелец во историјата на лигата, Никола Вучевиќ, кој со Орландо славеше над Филадилфија и Пол Џорџ од Оклахома Тандер.
Јута го одигра најлошиот меч и го забележа најтешкиот пораз откако франшизата е во Солт Лејк Сити. Во 1979 година Милвоки Бакс славеле со 158:102 над тимот кој тогаш играл во Њу Орлеанс.
Џезерите во второто полувреме постигнаа само 22 поени, односно само девет пони во последната четвртина.
Маверикс до убедливиот триумв ги предводеа Херисон Барнс со 19, Хосе Хуан Бареа со 14, односно Лука Дончиќ и Двај Пауел со по 13 поени. На спротивната страна најефикасен беше Рики Рубио со 11 поени, а Руди Гобер забележа по 10 поени и скокови.
Оклахома Тандер, без Расел Вестбрук, забележаа победа во дуелот со Њујорк Никс 128:103. Доминантна партија пружи Пол Џорџ со 35 поени, седум скока, пет асистенции и две украдени топки. Џорџ не влегуваше во игра во последната четвртина.
Црногорскиот репрезентативец Никола Вучевиќ му го расипа дебито на Џими Батлер во дресот на Филаделфија. Орландо забележа победа 111:106, а Вучевиќ успеа да издоминира во нападот против еден од најдобрите центри во лигата, Џоел Ембид.
Црногорецот имаше учинок од 30 поени, осум скока и четири асистенции. Ембид забележа трипл-дабл (19 поени, 13 скока, 10 асистенции), но од игра погоди само шест од 20.обиди. Џими Батлер кој пред неколку дена пристигна во Филалделфија, дебитираше со 14 поени.
НБА резултати: Орландо Меџи-Филалделфија 111:106, Вашингтон Визардс-Кливленд Кавалирс 119:95, Бостон Селтикс-Чикаго Булс 111:82, Бруклин Нетс-Мајами Хит 107:120, Торонто Репторс-Детроит Пистонс 104:106, Милвоки Бакс-Мемфис Гризлис 113:116, Минесота Тимбервулвс-Њу Орлеанс Пеликанс 107:100, Оклахома Тандер-Њујорк Никс 128:103, Далас Маверикс-Јута Џез 118:68, Феникс Санс-Сан Антонио Спарс 116:96, ЛА Лејкерс-Портланд Трејлблејзерс 126:117.