Top Sport

Хорор повреда на Јусуф Нуркиќ (Видео)

Јусуф Нуркиќ, тешко се повреди во продолжението на натпреварот помеѓу Бруклин Нетс и Портланд Трејлблејзерс.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, во обид да постигне поени незгодно доскокнал.

Нуркиќ потоа бил префрлен во локалната болница. Навивачите од трибините го извикуваа неговото име.

Инаку Портланд по две продолженија ги победи Нетс со 148:144. До повредата Нуркуќ блескаше на теренот со 32 поени, 16 скока, 5 асистенции, 2 украдени топки и 4 блокади.

По мечот реагираа колегите на Нуркиќ со зборови на поддршка, на социјалните мрежи.

Scroll to Top