Top Sport

Дали Роналдо воопшто ќе може да игра против Ајакс?

Кристијано Роналдо доби очигледна повреда на бутниот мускул во понеделничкиот меч против Србија во Лисабон, задавајќи им главоболки на луѓето во Јувентус пред четврт-финалето од Лигата на шампионите против Ајакс.

Роналдо сам побара замена во 31. минута од мечот, во моменти кога Србија водеше со 1:0, но бргу потоа, Данило Переира израмни на 1:1.

Роналдо беше клучен за Јуве во елиминацијата на Атлетико Мадрид со хет-трик во реваншот за да се надополни дефицитот од 0:2, а сега пред мечот во Амстердам на 10 април, тој ќе мора да се потруди да биде во тимот.

Пред мечот со Ајакс, Јувентус има три меча во Серија А – Емполи, Каљари и Милан, но таму ситуацијата не е толку проблематична, бидејќи „бјанконерите“ имаат 15 поени предност пред Наполи и 22 поени пред третопласираниот Интер.

Scroll to Top