Поранешниот центар на Партизан, ЛА Лејкерс, Шарлот и Сакраменто Владе Дивац ќе биде еден од луѓето во 2класата 2019“ што ќе бидат примени во „Куќата на славните“.
Информацијата ја објави американскиот новинар Адријан Војнаровски, кој важи за еден од најинформираните луѓе во НБА лигата.
Не е познато кои други играчи и тренери ќе бидат примени во „Куќата на славните“ ваа година. Војнаровски објави дека приемот ќе биде во Минеаполис од 6 до 8 април, кога ќе се игра завршниот турнир во НЦАА лигата.
Дивац ќе стане вториот кошаркар од Србија, по Дражен Далипагиќ и петти од поранешна Југославија што ќе влезе во „Куќата на славните“. Претходно оваа чест ја добија Хрватите Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ и Дино Раѓа.
Дивас во моментов е на функцијата, генерален менаџер во Сакраменто Кингс. Тој е еден од седуммината играчи кои во НБА историјата успеале да ја надминат границата од 13.000 поени, 9.000 скока, 3.000 асистенции и 1.500 блокади.