Top Sport

76-ки немаа мака со Визардс, ги плаши повредата на Ембид, Јокиќ ги запре „гризлите“

Тимот на Филаделфија ноќеска со нов убедлив триумф нагости кај Вашингтон Визардс со 127-101 покажа зошто е најдобрата екипа сезонава во Источната конференција. Сепак победата на 76-ките може да е „пирова“ доколку се потврдат стравувањата дека првата ѕвезда на екипата, Џоел Ембид има сериозна повреда на коленото откако во третата четвртина се сруши на паркетот при обидот за едно забивање.

Ембид мечот го заврши со 23 поени и 7 скока, а во противничкиот табор Вестбрук броеше до 25 поени.

Кошаркарите на Денвер Нагетс нагости минимално славеа против Мемфис Гризлис со 103-102 во меч во кој Србинот Никола Јокиќ оствари нов даб-дабл во сезоната. Имаше ефект од 28 поени и 15 скока, но мечот го реши со својата одбрана во последните мигови.

Покрај Јокиќ, добра партија имаа и Вил Бартон и Мајкл Портер со по 21 поен.

Ноќешни резултати:

Мемфис – Денвер 102:103, Њу Орлеанс – Кливленд 116:82, Вашингтон – Филаделфија 101:127, Чикаго – Мајами 90:101, Сан Антонио – Орландо 104:77, Јута – Хјустон 114:99 и Л.А Лејкерс – Индијана 105:100.

Scroll to Top