Четворица кошаркари синоќа постигнаа 40+ поени во НБА лигата, а петмина ја префрлија бројката од 35 поени. Никогаш не се случило девет играчи, во едно коло да постигнат 35 или повеќе поени.
Еден од најлошите тимови во НБА лигата, Минесота, забележа победа над Финикс Санс 123:119. Блескаше тандемот Карл-Ентони Таунс и Ентони Едвардс со вкупно 83 поени. Едвардс забележа 42 поени и седум скока, а Таунс мечот го заврши со 41 поен, 10 скока и осум асистенции. На спортивната страна Девин Букер натпреварот го заврши со 35 поени.
Неверојатен меч одиграа Вашингтон Визардс и Јута Џез. Визардс ја прекинаа серијата од пет порази со победата 131:122. Јута, има пет порази на последните десет натпревари.
Вистинска шутерска пресметка се случи помеѓу Бредли Бил и Расел Вестбрук од една и Донован Мичел и Џо Инглс од другата страна.
Бил постигна 43 поени, а Вестбрук забележа трипл-дабл со 35 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Кај Јута, Мичел уфрли 42 поени, а Инглс мечот го заврши со 34 поени.
Леброн Џејмс ги предводеше ЛА Лејкерс со 37 поени до побеата над Шарлот Хорнетс 116:105.
Портланд запишаа победа во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс 101:93. Демијан Лилард беше најдобра кај победниците со 36 поени.