Top Sport

88.трипл-дабл на Вестбрук, Хјустон ја продолжи успешната низа

Девет натпревари беа на програмата во НБА лигата, во текот на изминатата ноќ. Хјустон ја забележа 11.последовна победа, а суперстарот на Оклахома, Расел Вестбрук, го оствари својот 88.трипл-дабл во кариерата.

Хјустон, во моментов, ја има најдолгата победничка серија во лигата, 11.триумф Рокетс го забележаа против Шарлот Хорнетс (108:96).

Најдобриот меч од доаѓањето во тимот го одигра Крис Пол. Екс плејмејкерот на ЛА Клиперс го предводеше тимот со 31 поен, 11 асистенции и 7 скока. Стандардно добар беше и Џејмс Харден (21 поен, 8 асистенции), а Ерик Гордон, кој ја истакнува кандидатурата добивање на наградата „најдобар шести играч во лигата“, уфрли 17 поени.

Шарлот го предводеше центарто Двајт Хауард. Против својот поранешен тим тој имаше учинок од 26 поени и 18 скока.

Индијана ја пречека Оклахома и не успеа да го добие натпреварот преполн со неизвесност и пресврти. Оклахома победи 100:95, а Расел Вестбрук по 88 пат во кариерата беше двоцифрен во три статистички категории.

Иако лошо шутираше (3/17 од поел, 3/7 слободни), Вестбрук мечот го заврши со 10 поени, 17 скока и 12 асистенции. Другите две ѕвезди на Оклахома Пол Џорџ и кармело Ентони постигнаа по 12 поени, додека центарот Стивен Адамс имаше двоен ефект од 23 поени и 12 скока.

Резултати:

Орландо Меџик-ЛА Клиперс 95:106
Вашингтон Визардс-Мемфис Гризлис 93:87
Мајами Хит-Портланд Трејлблејзерс 95:102
Бостон Селтикс-Денвер Нагетс 124.118
Чикаго Булс-Јута Џез 103:100
Њу Орлеанс Пеликанс-Милвоки Бакс 115:108
Феникс Санс-Торонто репторс 109:115
Хјустон Рокетс-Шарлот Хорнетс 108:96

Scroll to Top