Top Sport

94 милиони за четири години – Харт останува Њујорк

Кошаркарот на Њујорк Никс, Џош Харт ќе го продолжи договорот со клубот на четири години.

Како што објави познатиот американски новинар Адријан Војнаровски, Харт ќе добие 81 милион долари за договорот кој ќе важи до летото 2027/28 година. Тоа значи дека на крајот од таа сезона ќе има вкупна заработка од 94 милиони долари.

Челниците на франшизата од Њујорк биле пријатно изненадено од квалитетот на Харт, минатата сезона во која одигра 25 натпревари.

Харт беше клучен во пласманот на петтото место во Источната конференција, а потоа и до пласманот во конференциското полуфинале. Никс во првата плеј-оф рунда го елиминираа Кливленд.

Минатата сезона имаше просек од 10,2 поени и седум скока.

Scroll to Top