Кошаркарите на Црвена звезда победија во Задар 88:76 (23:19, 22:23, 9:29, 22:17) во последниот натпревар од деветтото коло во АБА лигата.
Регионалниот шампион одигра бледо прво полувреме во салата „Крешимир Ќосиќ“, по кое домаќинот Зада имаше три поени предност, но сите дилеми околу победникот ги реши со брилијантаната игра во третата четвртина.
Црвена звезда последните пет минути од третата четвртина ги заврши со серија 5:21, а четвртината ја доби со 9:29.
Задар се обиде во последниот период да стори нешто повеќе, успеа да се доблии на негатива од осум поени, но тогаш Бјелица и Рочести постигна тројки и дефинитивно го решија прашањето на победникот.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра 17 минути, не успеа да постигне поени, не погоди ниту еден од трите обиди за тројка, а во статистиката запиша три скока, една асистенција и две украдени топки.
Бјелица со 20 поени беше најефикасен, Рочести забележа 14 поени и по три скока, асистенции и украдени топки. Двоцифрене ефект кај Црвена звезда имаа уште Фелдин (13), Добриќ (11) и Лазиќ (10).
Најефикасен кај Задар беше Ноулс со 17 поени.