Top Sport

На две финалиња засекогаш ќе се сеќава

Новак Ѓоковиќ пред стартот на Завршниот годишен турнир во Лондон ги издвоил највпечатливите мечеви в својата кариера.

Еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот минатата недела ја освои својата 35 Мастерс титула, сепак две финалиња никогаш нема да заборави.

„Финалето на Австралија опен во 2012 против Рафаел Надал и финалето оваа година во Вимблдон против Роџер Федерер. Не ги издвоив овие мечеви само поради тоа што победив. Чест ми претставува што бев учесник на тие мечеви“, рекол Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во Мелбурн, во 2012 година, го победил Надал по пет часа и 53 минути со 5/7, 6/4, 6/2, 6/7, 7/5.

Годинава во Вимблдон, Србинот против Федерер спаси две меч топки и за четири часа и 55 минути славел со 7/6, 1/6, 7/6, 4/6, 13/12.

Завршниот турнир во Лондон ќе се одржи од 10 до 17 ноември.

Scroll to Top