Top Sport

АБА лига: Црвена Звезда и Партизан ќе играат мајсторка за влез во финале (видео)

Вечните српски кошаркарски ривали Партизан и Црвена Звезда ќе мораат да играат трет натпревар (мајсторка) за да одлучат која екипа ќе игра финале во регионалната АБА лига.

Денеска во Белград, во вториот меѓусебен дуал Партизан славеше победа од 70-67 и израмни на 1-1 во полуфиналната серија.

Маринковиќ беше најефикасен кај Партизан со18 поени, а Перпероглу со 16 поени беше најпрецизен кај Црвена звезда.

Вториот натпревар меѓу Будуќност и Цедевита се игра утре, а Хрватите водат со 1-0 во серијата.

Scroll to Top