Top Sport

Милан изгуби три бода од Сампдорија по грешката на Донарума (видео)

Екипата на Милан претрпе пораз на гостувањето во Џенова, кај тимот на Сампдорија со 1-0.

Клучен момент на натпреварот е првата минута кога гостинскиот голман Донарума неспретно реагираше во сопствениот шеснаесетник и му ја „подари“ топката на напаѓачот Грегори Дефрел кој постигна лесен гол.

Мечот не помина без шанси. Кваљарела и Габиадини кај Сампдорија, односно Сусо и Пјонтек кај Милан имаа шанси за гол, но мрежите мируваа.

Голема неизвесност имаше во 90 минута од мечот кога Пјонтек беше срушен во противничкиот казнен простор.
Судијата гледаше и снимка од ВАР-технологијата, но не досуди пенал. Полскиот репрезентативец имаше одлична шанса и во 92. минута, но голманот Аудеро одбрани.

Со овој пораз Милан си ги комплицира шансите за четвртото место на табелата кое носи квалификации за ЛШ.

Scroll to Top