Регионалната кошаркарска АБА лига ја избра најдобрата петорка во регуларниот дел од сезоната. Идеалната петорка ја предводи играчот на Црвена звезда, Никола Калиниќ.
Калиниќ доби најголем процент од вкупните гладови на тренерите, новинарите и навивачите. Гласовите на тренерите учествуваат со 50 отсто, на новинарите со 30, а на навивачите со 20 отсто во конечниот избор.
Калиниќ доби најмногу гласови од тренерите, а најмногу гласови од навивачите добиле играчите на партизан Кевин Пантер и Зек Лидеј.
Кошаркарот на Црвена звезда добил 13,9 отсто од гласовите. Зад него се Јака Блажиќ од Цедевита Олимпија (12,1 отсто), Кевин Пантер (10,7), Зек Лидеј (9,1) и играчот на Студентски центар, Кенан Камењаш (7,4).
Meet the 2021/22 AdmiralBet #ABALiga Ideal Starting Five:
➡️ Kevin Punter
➡️ Jaka Blažič
➡️ Nikola Kalinić
➡️ Zach LeDay
➡️ Kenan Kamenjaš* According to the votes by head coaches, media and fans
More at: https://t.co/scxNKmrN7h pic.twitter.com/81oiLSAT0F
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) April 25, 2022