Top Sport

АБА лига: Уште еден убедлив пораз на МЗТ

Кошаркарите на МЗТ доживеаја уште еден убедлив пораз во АБА лигата. Во Подгорица, СЦ Дреби вечерва слеваше со 103:85.

Првата четвртина покажа во која насока ќе се движи натпреварот. Во овој период МЗт постигна 28, но на домаќинот му дозволи да уфрли 36 поени. На почетокот на вториот период СЦ Дерби прв пат дојде до двоцифрена предност, а на полувреме so 62:47.

Стартот на воторото полувреме беше добар за МЗТ, со серија од осум поени се добилижија на едноцифрена разлика. Налетот го одби Мекги со пет поени. Предноста на СЦ Дерби во еден момент достигна 24 поени, во финишот МЗТ малку успеа да ја ублажи катастрофата.

МЗТ имаше дури 17 скокови помалку од СЦ Дерби чии кошаркари за два поени имаа реализиција од речиси 75 отсто.

Мичовиќ и Кефи со по 20 поени беа најефикасни кај МЗТ, во домашниот тим се истакнаа
Џексон со 20, Хаџибеговиќ со 16, односно Славковиќ и Тасиќ со по 15 поени.

Scroll to Top