Дисциплинската комисија на АБА-лигата го казни КК Будуќност поради лошата организација на натпреварот со Црвена ѕвезда. Третиот меч од финалната серија, Будуќност го добија 80:72 и ја намалија предноста на противникот на 2-1.
Третиот меч беше полн со инциденти, кошаркарите на Црвена ѕвезда беа плукани и вербално навредувани на теренот за време на загревањето, во паузата помеѓу првата и втората четвртина навивачите на Будуќност се обидоа да ја нападнат клупата на гостите, неколкумина од раководството на клубот од Белград се здобиле со повреди на главите од тврди предмети, а еден навивач на Црвена ѕвезда бил претепан.
АБА-лигата реши дека на четвртиот меч ќе нема столчиња до самиот терен, а нема да има публика во првите три реда на трибините.
Четвртиот меч од финалната серија во АБА-лигата се игра вечерва од 19 часот.