Top Sport

АБА-лигата го казни КК Партизан

Натпреварот од 14.коло во АБА-лигата помеѓу Партизан и Морнар ќе се одигра без присуство на публика.

Лигата го казни кошаркарскиот клуб Партизан поради инцидентите што неговите навивачи ги предизвикаа пред две кола на натпреварот против Цедевита.

Во финишот судиите го прекинаа мечот на 20 минути, откако центарот на Цедевита Андрија Стипановиќ беше погоден со некаков предмет во главата.

Покрај Партизан, првиот дисциплинец на лигата Саша Павличиќ-Бекиќ го казни и Задар. Поради недоличното однесување на навивачите на мечот со ФМП, на Задар му е наложено да затвори еден дел од трибините.

Scroll to Top