Top Sport

АБА лигата го смени форматот за плеј-офот

АБА лигата, на годишното Собрание, кое се одржа „он-лајн“, донесе неколку важни одлуки пред стартот на новата сезона. Најголемата промена се однесува на плеј-офот. Од оваа сезона во разигрувањето за титулата ќе влезат првите шест клуба.

АБА реши во плеј-офот, директен пласман во полу-финалето да изборат најдобрите два тима, додека екипите кои ќе се пласираат од третото до шестото место, ќе разигруваат за место во полу-финалето и тоа по системот третиот против шестиот и четвртиот против петтиот.

Полу-финалето ќе се игра на две, а финалето на три победи.

Исто така, АБА, донесе одлука натпреварите да се играат според правилата на ФИБА.

Scroll to Top