МЗТ Скопје го доживеа и шестиот пораз во низа во регионалната АБА-лига, откако на гостувањето во Загреб загуби од Цедевита со 77:65 (24:8/20:25/18:22/15:10).
Во првиот меч од 10. коло на регионалниот шампионат, Цедевита стигна до неверојатна 11. победа во низа над македонскиот шампион, обезбедена со фантастичната прва четвртина во која ја добија со +16. МЗТ успеа делумно да се врати и да ја намали разликата на полувреме до 44:33, а добрата игра продолжи и во третата четвртина, пред да капитулираат во финишот на натпреварот..
Џанан Муса беше најефикасен кај Цедевита со 18 поени, а идентичен број на поени за македонскиот тим имаше Црногорецот Никола Павличевиќ. Дарко Соколов дебитираше за МЗТ и во 19 минути игра имаше пет поени
По десет кола во АБА, МЗТ Скопје има две победи и 8 порази, додека Цедевита има 7-3 скор.