Top Sport

АБА: Триумф на Црвена звезда, симболична минутажа за Антиќ

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Игокеа 85:80 (22:19, 26:19, 16:20, 21:22) во последниот натпревар од 10.коло во АБА лигата.

Црвена звезда по победата над Реал во Евролигата, против Игокеа одигра меч со многу осцилации, но и покрај тоа гостите од Лакташи успеаја да ја оспорат победата на „црвено-белиот“ тим.

Домаќинот во финишот на првиот дел ја имаше највисоката предност од 15 поени (45:30), Икогеа во третиот период три пати се доближи на два поени негатива, а во последната четвртиба Давидовац ги раздвижи соиграчите.

На овој меч тренерот на Црвена звезда ги одмораше најискусните, па поради тоа Перо Антиќ одигра само 11 минути и имаше учинок од три поени, два скока и една асистенција.

Црвена звезда ја предводеше Рочести со 20 поени, а Давидовац имаше учинок од осум поени, три скока, пет асистенции и по една блокада и украдена топка.

На спортивната страна Рикиќ постигна 23 поени.

фото/aba-liga.com

Scroll to Top