Црвена Звезда и Партизан добија огромни казни од АБА-лигата поради инцидентите на последните два натпревари од финалната серија во регионалното натпреварување.
Партизан поради лоша организација на четвртиот натпревар ќе мора да плати 27.500 евра, а Црвена Звезда, која беше домаќин на „мајсторката“, дури 45.000 евра.
Кошаркарот Никола Калиниќ поради недолично однесување кон клупата на Партизан ќе мора да плати 1.500 евра парична казна.