Црвена звезда со 78:68 ја победи Цибона во првото коло на новата сезона во регионалната АБА-лига со што минатогодишниот финалист најави дека и оваа година оди на трофејот.
Домаќините до победата ги предводеше Џоу Регленд, кој уфрли 22 поени и беше клучниот играч во второто полувреме. Цибона имаше предност од 20:14 во првата четвртина, но тогаш Звезда влезе во серија од 17:0 за да поведе со 31:20, и да ја обезбеди победата уште во првото полувреме.
Во Љубљана пак, Петрол Олимпија стигна до 87:66 победа над Морнар откако доминираше во поголемиот дел од мечот одмаздувајќи се за двата порази од тимот минатата сезона. Блаж Месичек имаше 16 поени, 7 асистенции и 5 скока за Олимпија.