Top Sport

Киундели во пензија, Федерер го „почести“ со тренинг

Швајцарскиот тенисер Марко Киундели ќе се пензионира по домашниот турнир во Базел следната недела, по што доби тренинг сесија со својот близок пријател, Роџер Федерер.

36-годишниот Киундели во моментов е 353. на АТП-листата и доби вајлд-карта за настап на турнирот.

„Трендот води во оваа насока од летото. Имав тешка година и се чувствував добро само на неколку турнири. Можев да го кренам рекетот само четири-пет дена и тоа ми помогна да ја донесам одлуката“, вели Киундели во интервју за „Блик“.

Помеѓу најдобрите успеси на Киундели се освојувањето на Дејвис купот со Швајцарија во 2014 и третото коло на САД опен во 2006 и 2009 година, двапати како квалификант. Во 2009 тој играше во полуфиналето во Базел, каде што загуби од долгогодишниот пријател Роџер Федерер.

„Тоа беше посебен меч, бидејќи трениравме заедно и работевме како момчиња кои ги собираат топчињата на турнирот. Што ќе правам понатаму? Не знам, но не мора да е поврзано со спортот“,  вели Киундели, кој си заминува од тенисот со 10 сингл титули – 7 на ИТФ турнејата и 3 на АТП челенџ турнејата.

Scroll to Top