Адам Ханга потпиша договор со Црвена звезда, потврдија од клубот.
„Поранешниот кошаркар на Басконија, Барселона и Реал Мадрид и унгарски репрезентативец Адам Ханга е нов член на Црвена звезда“, беше објавено на сајтот на Звезда.
Ханга, актуелниот освојувач на Евролигата со Реал Мадрид, во средата потпиша двегодишен договор со црвено-белите.
Тој игра на крилната позиција, висок е точно два метри и тежок 96 килограми и може да покрие неколку позиции во тимот. Во 2017 година ја доби наградата за најдобра дефанзивец во Евролигата.
Ханга е четвртото засилување за Црвена звезда пред почетокот на сезоната. Претходно договори со клубот потпишаа Дејан Давидовац, Марко Симоновиќ и Милош Теодосиќ.