Top Sport

Адетокумбо доби супер-макс од 228 милиони долари!

Двократниот МВП на НБА лигата, „Грчкиот ѕвер“ Јанис Адетокумбо се обврза на долгогодишен договор со Милвоки бакс, добивајќи супер-максимален договор од 228 милиони долари за пет години, најбогат договор возможен во НБА лигата.

„Ова е мојот дом, ова е мојот град. Благословен сум што сум дел од Милвоки бакс и во следните пет години. Да ги направиме вредни“, напиша Адетокумбо на Инстаграм.

Доколку не ја прифатеше понудата, следното лето Адетокумбо ќе можеше да биде слободен агент. Тој доаѓа по сезона во која стана само третиот кошаркар во историјата кој освои МВП и награда за најдобар дефанзивен кошаркар во иста сезона по Мајкл Џордан и Хаким Олајџувон. Тој имаше 29.5 поени, 13.6 скокови и 5.6 асистенции по натпревар минатата сезона.

Со него, Милвоки ја завршија регуларната сезона со најдобар скор во лигата последните две сезони, но двапати не стигнаа до финалето. Во 2019, Бакс имаа 2:0 водство против Торонто во конференциското финале, пред да загубат со 4:2, додека минатата сезона, загубија од Мајами хит во пет натпревари во полуфиналето на Истокот.

Scroll to Top