Top Sport

Адетокумбо и Бакс ја покажаа силата (видео)

Во тоа за што многумина го најавуваат како можно финале на Источната конференција, Милвоки бакс со доминантна трета четвртија со 119:98 ја совлада Филаделфија 76ерс.

Јанис Адетокумбо имаше нова „ѕверска“ партија со 31 поен, 17 скока и 8 асистенции за 45. дабл-дабл оваа сезона и за Бакс да имаат 48-8 скор оваа сезона. Сиксерски сега имаат 35-22 скор, но само 9-20 на гости. Покрај Адетокумбо одличен беше и Мидлтон со 25 поени и 9 скока и 10-од-15 успешност од поле.

Далас маверикс без Лука Дончиќ загуби со 111:107 на гости кај Атланта хокс, за кои одличен беше Џон Колинс со 35 поени и 17 скока. Расел Вестбрук со 34 и Џејмс Харден со 38 поени ги предводеа Хјустон рокитс до 120:110 победа на гости кај Јута џез.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Њу Џерси 86:115

Атланта – Далас 111:107

Чикаго – Феникс 104:112

Мајами – Кливленд 124:105

Милвоки – Филаделфија 119:98

Јута – Хјустон 110:120

Scroll to Top