Top Sport

Адетокумбо израмни рекорд стар 51 година

Нестварен меч во НБА лигата одиграа Торонто Репторс и Милвоки Бакс. Благодарение на Јанис Адетокумбо, Бакс славеа во дополнителните пет минути со 104:101.

Репторс имаа минус од 69:90 на 3:50 минути до крајот на мечот но успеаја да изборат продолжение. На крајот Бакс ја однесоа победата.

Адетокумбо постигна 30 поени, имаше 21 скок и 10 асистенции во вториот трипл-дабл сезонава и 3. во кариерата, Најкорисениот играч во НБА во 2019 и 2020 година стана само седмиот кошаркар во последните 40 години кој го завршил натпреварот со најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Ако синоќешниот настап се додаде на она што го направи во претходните четири натпревари, тој стана првиот по 1972 година и Карим Абдул-Џабар со 200+ поени, 80+ скокови и 30+ асистенции во период од пет натпревари. Грчкиот кошаркар ја расипа феноменалната статистика со 12 загубени топки.

Грејсон Ален додаде 16 поени за Бакс, а Боби Портис имаше 14 со 12 скока. Брук Лопез натпреварот го заврши со девет поени и 19 скока. Фред Ван Влит со 28 поени, осум скока и 12 асистенции и Гери Трент јуниор. со 22 беа најдобри кај Рапторс.

Резултати:

Шарлот – Мемфис 107:131
Кливленд – Феникс 90:88
Орландо – Оклахома 126:115
Филаделфија – Индијана 129:126 пр.
Њујорк – Сан Антонио 117:114
Торонто – Милвоки 101:104 пр.
Чикаго – Бруклин 121:112
Минесота – Портланд 113:106
Њу Орлеанс – Хјустон 119:108
Голден Стејт – Детроит 119:122
ЛА Лејкерс – Мајами 112:109
Сакраменто – Атланта 117:120

Scroll to Top