Ѕвздата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо е прогласен за најкорисен играч во МВП лигата во сезоната 2018/2019. Словенецот Лука Дончиќ од Далас Маверикс е најдобриот руки (дебитант) во лигата. Интересено од шестте награди што го додели НБА-лигата, само две завршија во рацете на Американци.
Покрај Адетокумбо и Дончиќ, награди добија и Камерунецот од Тронто Репторс, Паскар Сијакам (играч што најмногу напредувал), додека центарот на Јута Џез, Руди Гобер од Франција е најдобар дефанзивец во лигата.
Амеиканците ги добија наградите за најдобар тренер (Мајк Баденхолцер, Милвоки Бакс) и за најдобар шести играч (Лу Вилијамс, ЛА Клиперс).
Инаку Адетокумкбо е третиот најмлад МВП во последните 40 години, помлади од него кога ја добила наградата биле само Дерик Роус и Леброн Џејмс. Исто така „Фрик Грик“ е вториот играч од Европа шо ја добива наградата по славниот Германец Дирк Новицки.
Адетокумбо сезоната ја заврши со просек од 27,7 поени, шест асистенции и 12,5 скока по натпревар. 24 годишниот крилен играч ги предводеше Милвоки до првата позиција во лигата.
Giannis gets emotional as he thanks his family after winning the #KiaMVP trophy. ?#NBAAwards pic.twitter.com/c2WrHZMB0k
— NBA TV (@NBATV) June 25, 2019