Костас Адетокумбо е нов играч на француски Асвел. Од тимот соопштија дека потпишале двегодишен договор.
Братот на далеку попознатиот Јанис доаѓа во Франција од редовите на ЛА Лејкерс каде во 2020 година ја освои шампионската титула.
Костас има 23 години, висок е 208 сантиметри и ги покрива позициите ниско крило и крилен центар.
Со оглед дека во репрезентацијата на Грција играше на позиција центар во текот на квалификациите за ОИ во Токио, не е чудо во Асвел да настапува на позиција „5“.
Кариерата ја почна во Далас Маверикс во 2018 година.