Top Sport

Кина има женска верзија на Јао Минг – 14 годишна е, а има 226 сантиметри

Младата 14 годишна кошаркарка во Кина – Жанг Зије е висока 226 сантиметри. Таа стана сензација по СП за девојчиња до 15 години откако го привлече вниманието на јавноста со својата надмоќ над противничките.

Нејзината доминација е забавна за публиката, но сигурно не е пријатно да се игра против неа под кошевите, во рекетот.

Според висината и начинот на игра веднаш почнаа споредбите со кинеската кошаркарска легенда – Јао Минг.

Инаку Жанг потекнува од кошаркарско семејство. Татко и (213 сантиметри) настапувал за Кина, а мајка и (198 сантиметри) се уште е активен кошаркар.

Scroll to Top