Top Sport

Адетокунбо ги крена Бакс до нова победа (видео)

Милвоки бакс успеаја да стигнат до гостинска победа од 110:103 против Вашингтон визардс, предводени од фантастичниот Грк, Јанис Адетокунбо.

Во израмнет меч, Бакси својата предност ја направија во последната четвртина, а најзаслужен за победата беше Адетокунбо со 34 поени, 12 скокови и 7 асистенции. Ерик Бледсоу додаде 21 поени, а Крис Милдтон имаше 20, додека за домашниот тим најдобар беше Џон Вол со 16 поени и 16 асистенции.

Детроит пистонс со 108:101 ги совладаа Хјустон рокитс, додека Индијана пејсерс го „здробија“ Чикаго булс со 125:86. „Ракетите“ имаа одлично прво полувреме, но Пистонси се вратија во третата четвртина за тесна победа. Тобијас Херис имаше 27 поени за Пистонси.

Во Индијанаполис пак, Булси беа уништени од домашниот тим, откако Виктор Оладипо постигна 23 поени , а Доамантас Сабонис имаше 23.

Scroll to Top