Top Sport

Адомаитис ги поддржа навивачите кои викаа: Е.и се ФИБА

Литванските навивачи вербално ја нападнаа Светската кошаркарска федерација (ФИБА) во текот на последниот натпревар кој литванските кошаркари го одиграа на Светското првенство во Кина.

Литванците лесно ја победија репрезентацијата на Доминиканската Република (74-55), а навивачите во текот на целиот натпревар скандирале: „„Е.и се ФИБА“. Ова го поддржал и селекторот на Литванија, Даиниус Адомаитис, кој против Доминиканците последен пат како селектор ја водеше Литванија.

„Секоја чест (за навивачите) така треба. Тие само ги искажаа своите чувства, но и чувствата на сите нас“, рекол Адомаитис по мечот.

Тој рекол дека бил казнет поради коментарите во врска со судењето по мечот со Франција, кој Литванците го загубија поради груба грешка на судиите. Поради лошото судење ФИБА веднаш ги испрати дома тројцата судии од тој меч.

Судењето на натпреварите на Светското првенство е исклучително лошо, што е и за очекување бидејќи врвните судии се под капата на УЛЕБ, поради што Адомаитис побара да се најде компромисно решение.

„Оваа игра ја играме поради навивачите, јие сме нивно орудие. Ајде да направие се за да можат навивачите да ја видат најдобрата кошарка. Нема тука простор за некаква глупава амбиција. Ајде да седнеме и да најдеме решение“, истакнал 45 годишниот литвански тренер.

Scroll to Top